Дома Фудбал Неверојатно: 19 фудбалери можат да го пропуштат лондонското дерби?!

Неверојатно: 19 фудбалери можат да го пропуштат лондонското дерби?!

На големото дерби помеѓу Арсенал и Тотенхем во Лондон се очекува да недостасуваат многу играчи на двете страни.

Неделниот дуел што се игра на “Емиратите” може да биде без присуството на значаен број фудбалери и од двата клуба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бројот на отсутни играчи може да достигне дури до 19.

Арсенал е во големи потешкотии бидејќи им недостасуваат многу играчи, некои се повредија на репрезентативните настапи, додека некои веќе биле од претходно повредени.

Габриел се повреди за време на натпреварот со репрезентацијата на Бразил и веројатно ќе отсуствува еден до два месеца, а и Тимбер се здоби со повреда додека беше на обврски со холандската репрезентација. Хаверц и Одегард се соочуваат со проблеми со коленото, додека Џокереш сè уште е надвор поради повреда. Исто така, Калафиори се врати повреден од репрезентативните обврски.

Мартинели има стара повреда од Кристал Палас, а Мадуеке е надвор од терените уште од септември. Секако, тука е и Жезус, кој нема да се врати до декември.

Тотенхем се соочува со слични главоболки. Лукас Бергвал е повреден, Рандал Коло Муани исто така, а Соланке е од отсутен подолго време. Медисон нема да се врати до мај, Кулушевски ќе биде достапен дури во јануари, а Драгушин најверојатно следниот месец. Арчи Греј има проблеми со задната ложа и можеби ќе го пропушти натпреварот со Арсенал. Освен нив, повреди имаат и Бен Дејвис, Ив Бисума и Кота Такаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ има четири услови за останување во Милан – еве што сака од клубот!

„Скај Спорт Италија“ објави дека иднината на Модриќ зависи од четири фактори. Првиот факто…