
Вчера се одигра полуфиналниот натпревар од плејофот на Источната конференција на МЛС лигата, а Лео Меси на тој натпревар влезе во историјата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неверојатниот Меси на натпреварот на неговиот Интер Мајами против Њујорк Сити стана најдобриот асистент во историјата на фудбалот.
Тимот на Меси одигра феноменален натпревар, и конечно оствари победа со 5:1 против Њујорк Сити.
Аргентинецот Тадео Аљенде беше главната ѕвезда на натпреварот бидејќи постигна три гола во победата на својот тим, но Меси му го украде шоуто.
Причината е што токму неверојатниот Меси вчера стана најдобриот асистент во историјата на фудбалот.
Сето тоа се случи во 67-та минута кога Меси асистираше на Силвети кој постигна гол и го донесе Лионел до 405-та асистенција во кариерата.
🚨 Официјално: Лионел Меси станува играч со најмногу асистенции во историјата на фудбалот.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) Ноември 30, 2025
🥇 Лео Меси — 4️⃣0️⃣5️⃣
🥈 Ференц Пушкаш — 4️⃣0️⃣4️⃣
🥉 Пеле — 3️⃣6️⃣9️⃣ pic.twitter.com/C1OPMmNK01