
Синоќа се одигра натпревар од третото коло на Супер лигата на Србија каде Партизан, по многу драма, успеа да го совлада Раднички од Крагујевац со 2:1. Натпреварот не беше запамтен само по случувањата на теренот, туку и по големиот гаф кој ги разгневи домашните навивачи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, 35 минути пред почетокот на мечот, од звучниците на стадионот се слушна добро позната навивачка песна на Црвена Ѕвезда – “Добро знај”, што предизвика негодување кај присутните.
Прво, многумина на стадионот беа шокирани и во неверување, а потоа завладеа тишина бидејќи никој не можеше да си поверува на ушите.
@arenasporttv Заиста несекојдневна сцена пред натпреварот на црно-белите против Раднички 1923!😂 #fkpartizan #crvenazvezda #viral #fyp #partizan ♬ original sound – TV Arena Sport
Потоа следуваа гласни свирежи и незадоволство од страна на Гробарите, траеше околу триесет секунди пред песната конечно да биде исклучена.
Навивачите на Партизан тешко ќе простат ваков пропуст, а уште не е јасно дали зад ова стојат Делиите, навивачите на Ѕвезда и вечните ривали на црно-белите од Белград.