Дома Фудбал Неверојатен автогол на дефанзивецот на Јувентус во дербито против Сити

Неверојатен автогол на дефанзивецот на Јувентус во дербито против Сити

Третото коло од групата Г на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, ни донесе Интересно дерби меѓу Јувентус и Манчестер Сити.

„Граѓаните“ поведоа уште во деветтата минута преку Доку, но Копмајнерс само две минути подоцна успеа да го израмни резултатот.

Екипата на Пеп Гвардиола продолжи со нападите по тоа, а наградата стаса во 26-тата минута. По впечатливо продирање по страничната линија од страна на Савињо, топката заврши на средината, каде што дефанзивецот на Јувентус, Пјер Калулу, иако беше без никаков притисок и опасност, ја испрати во сопствената мрежа.

Игор Тудор беше вчудоневиден по постапката на својот дефанзивец, но неговите соиграчи го охрабруваа по несреќниот потег.

Погледнете го автоголот во продолжение:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…