Дома Фудбал Неочекувано: Јовиќ го напушта Милан и се сели на другиот крај на светот!?

Неочекувано: Јовиќ го напушта Милан и се сели на другиот крај на светот!?

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ се наоѓа пред затворање на едно поглавје во својата кариера – европското.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот нареден, седми клуб во кариерата, може да биде од територијата на Северна Америка, ако му се верува на информациите на италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио.

По Црвена звезда, Бенфика, Ајнтрахт, Реал, Фиорентина и Милан, ред е на преселба во Мексико и тимот Крус Азул.

На Јовиќ летово му истекува договорот со Милан кој има опција за продолжување на соработката за уште една година, но тоа моментално не изгледа реално.

Јовиќ има одиграно 17 натпревари за Милан во сезоната 2024/25, постигнувајќи четири голови.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ: Не беше пенал, не беше офсајд, ВАР постојано е против нас!

Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското прве…