
Ламин Јамал повторно танцуваше, Шпанија ја победи Бугарија на гостувањето со резултат 3:0, но на крајот ѕвездата на Барселона мораше да излезе од игра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што откриваат шпанските медиуми, Јамал уште во натпреварот против Рајо Ваљекано минатиот викенд почувствувал болка во грбот, но селекторот Луис де ла Фуенте не сакал да го одмори.
Јамал повторно одигра одлично, асистираше на Микел Мерино за 0:3, а потоа подоцна излезе од игра во 79. минута по што се фати за грбот.
Шпанските медиуми истакнуваат дека не би требало да биде ништо сериозно, но се чека извештајот од лекарите.
Инаку, каталонската јавност неретко го критикува де ла Фуенте што никогаш не го одмара Јамал и што игра премногу минути, што токму беше случај и сега.
Фото: Принтскрин