
Германскиот фудбалски тренер, Томас Тухел, веќе во својот четврт натпревар како селектор ја запиша англиската репрезентација со црни букви во историјата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тухел стана првиот селектор на Англија кој изгубил натпревар против една африканска репрезентација.
За негова среќа, како и за сите обожаватели на Англија, ова беше пријателска средба против Сенегал, во Нотингем, која Гордите Албионци ја загубија со резултат од 3:1.
Хари Кејн ги поведе Англичаните во водство, но потоа Исмаил Сар, Хабиб Диара и Шеик Сабали му донесоа победа на Сенегал.
Англија до вчера имаше одиграно вкупно 21 натпревар против африкански тимови без да биде поразена (15 победи и 6 нерешени). Таа серија ја прекина Тухел, кој е 22-от селектор на Англија во историјата.
Англиските обожаватели веќе мислат дека ангажманот на Тухел е голема грешка на сојузот, особено по неодамнешниот квалификациски натпревар, кога Англија успеа да победи против Андора со „тенка“ победа од 1:0.
Фото: England FA/FB