Дома Останати Кошарка Најдобриот потег на Јокиќ во 2024 година – погоди со звукот на сирената од пола терен (Видео)

Најдобриот потег на Јокиќ во 2024 година – погоди со звукот на сирената од пола терен (Видео)

Српската ѕвезда блескаше Никола Јокиќ и во 2024 година ги поместуваше границите и бележеше бројки какви што не се паметат. Импресивната сезона на крај беше крунисана со нова МВП титула, третата во неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сомборецот беше навистина незапирлив на теренот. Со неверојатни потези ги доведуваше противниците до лудило и ги оставаше љубителите на кошарката ширум планетата без зборови, а меѓу многуте спектакуларни потези што ги направи, еден се издвои посебно.

На почетокот од јануари, Денвер и Голден Стејт одиграа исклучително возбудлив натпревар. Денвер славеше со резултат 130:127, а херојот на триумфот беше Никола Јокиќ, кој во последната секунда речиси од половина терен погоди тројка за победа.

На 26 секунди пред крајот донесе изедначување за својот тим, а потоа во последниот напад од исклучително тешка позиција стави крај на мечот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…