
Барселона го заврши својот настап во Лигата на шампионите оваа сезона, откако беше поразена во четвртфиналето од Атлетико Мадрид. Ерик Гарсија ги налути навивачите на Каталонците поради тоа што направи откако доби директен црвен картон.
Каталонците синоќа го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:1, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза бидејќи тимот на „Јорганџиите“ веќе славеше со 2:0 во првиот натпревар во Барселона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Иако Барселона прикажа одлична игра и водеше со 2:0, Атлетико успеа да постигне гол што им овозможи да ја задржат предноста и на крајот да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Еден од моментите што веројатно ја одреди судбината на натпреварот се случи во 79. минута кога Барселона остана со играч помалку.
Ерик Гарсија беше исклучен поради фаул над Александар Сорлот, а судијата Турпан по ВАР проверка го исклучи бидејќи беше последниот дефанзивец на Барселона.
Ова одлука тешко му падна на Гарсија, кој веднаш го напушти теренот. Меѓутоа, она што го направи по исклучувањето сериозно ги разочара навивачите на Барселона.
Веднаш штом влезе во тунелот, Гарсија го фрли својот дрес, што навивачите на Барса го оценија како неприфатливо.
Црвен картон за Ерик Гарсија 🟥 pic.twitter.com/dYICCA3cXH
— CapitánCalzon👹 (@CapitanCalzon77) April 14, 2026
Тие го критикуваа Гарсија што дозволил да добие црвен картон и без оглед на тоа колку бил лут, велат дека не смеел на тој начин да го фрли дресот и да го посрамоти клубот кој го претставува.
По натпреварот, Гарсија се обрати преку социјалните мрежи.
“Сонот за Лигата на шампионите ни измолкна од раце. Оваа екипа заслужуваше повеќе, дадовме сè од себе, бевме толку блиску, но не успеавме. Ќе продолжиме да се бориме сè додека не го освоиме повторно, сакаме овој пехар да го вратиме во Барселона со оваа генерација играчи. Сега е време да закрепнеме и да го освоиме првенството кое толку го посакуваме”, изјави стоперот на Барселона.
Меѓутоа, во коментарите навивачите на Барса веднаш му порачаа дека фрлањето на дресот е неприфатливо и дека им должи извинување.