
Томас Милер пред неколку дена потврди дека по 25 години го напушта Баерн бидејќи клубот не му понудил продолжување на договорот. Овој потег предизвика револт кај навивачите, а од клубот се обиделе да објаснат зошто ја донесоа ваквата одлука.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Официјалните лица на минхенскиот клуб се соочија со жестоки критики поради она што му го направија на Милер и се обидоа да објаснат зошто ја донесоа оваа одлука, но изгледа дека само си направија поголема штета.
Еден од раководните луѓе во Баерн, Макс Еберл, се обиде да ја објасни одлуката да не му го продолжат договорот на Милер и порача дека ни тој самиот не можел да спие три дена пред да му кажат на искусниот играч што следува.
„Ова е одлука за иднината на Баерн. Разбирам дека Милер беше многу лут по нашиот разговор, но мораме да мислиме на иднината на тимот и да правиме место за нови и помлади играчи”, рече Еберл и додаде.
„Ни на мене не ми беше удобно на тој состанок. Три дена пред тоа не можев да спијам“.
Фото: ФК Баерн Минхен/ФБ