Фудбалерите на Нант вчера во 17. коло од француската Лига 1 го пречекаа Монако на својот терен, а натпреварот кој заврши со резултат 2:2 беше одбележан со спектакуларна кореографија на домашните навивачи.
Навивачите на Нант направија голема ограда преку целата трибина, на која практично нацртаа стрип, при што ги прозваа водечките луѓе од фудбалската федерација, сопствениците на ТВ правата и политичарите.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
“Луѓето веќе не се заинтересирани за фудбал”, “Можеме да ги распределиме натпреварите во текот на целата недела”, “Можеби да ги префрлиме сите натпревари во Катар?”, “Почит за навивачите”, беа написи поставени над нацртаните ликови, а на големиот транспарент на оградата на трибината беше напишана пораката:
“Федерации, емитери и политичари: Оставете го фудбалот на навивачите”.
Сето тоа го следеше навредливо пеење на навивачите на сметка на федерацијата.
Навивачите така реферираа на неодамна одиграниот Супер куп на Франција во Катар, каде во финалето ПСЖ го победи Монако и го освои трофејот.