
Максимо Пероне ја одигра одлично оваа сезона во екипата на Комо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Сеск Фабрегас игра сосема солидно, се наоѓа на средината на табелата во Серија А и следната сезона би можела да биде хит на првенството, доколку се склопат сите коцки за овој клуб.
Еден од играчите кои дефинитивно положија испит во Комо е Пероне, 22-годишен играч од средината на теренот, кој беше позајмен од Манчестер Сити и кој, според сите изгледи, ќе остане во тој клуб.
Според информациите на „Дејли мејл“, Пероне ќе го комплетира трансферот веќе летово, и тоа за 25 милиони евра.
На тој начин, Манчестер Сити ќе го утростручи вложениот капитал за овој млад играч, па за нив ова е секако одлична зделка.
Оваа сезона одигра 24 натпревари и има три асистенции.
Фото: Como 1907/FB