Дома Фудбал Награда за врвните настапи: Арсенал „почести“ една од ѕвездите со нов договор

Награда за врвните настапи: Арсенал „почести“ една од ѕвездите со нов договор

Голманот на Арсенал, Давид Раја, потпиша нов подобрен договор со овој фудбалски клуб, пренесоа денеска британските медиуми.

Шпанскиот голман се договори за зголемување на неговата плата, објави Би-Би-Си (BBC). Договорот беше постигнат на почетокот на летото, но клубот не го потврди тоа, наведе BBC.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Раја минатото лето потпиша траен договор со Арсенал и неделно заработуваше 100.000 фунти. Со новиот договор ќе добие покачување, но не беше договорено продолжување на рокот на договорот, кој истекува во 2028 година.

Изворите од „BBC“ наведоа дека постои можност договорот на 30-годишниот голман да биде продолжен.

Сличен договор потпиша и Леандро Тросар ова лето, но без промена на времетраењето на договорот, кој истекува во 2027 година.

Раја летото 2023 година пристигна во Арсенал на позајмица од Брентфорд и стана еден од најдобрите голмани во Премиер лигата. За клубот од Емирејтс има одиграно 105 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И навивачите на Барселона останаа без зборови поради одлуката на Левандовски: Или тоа или одам во пензија!

Роберт Левандовски е поврзан со премин во Милан кој е веќе подготвен да го ангажира Полјак…