Дома Фудбал На Светското клупско првенство за првпат се примени новото правило на ФИФА „осум секунди“

На Светското клупско првенство за првпат се примени новото правило на ФИФА „осум секунди“

Натпреварот меѓу Улсан и Мамелоди, во вечерните часови помеѓу вторник и среда, го следеа 3.412 гледачи на стадионот Орландо со капацитет од 30.000 седишта. Благодарение на социјалните мрежи, можеме да видиме како судијата го спроведе правилото за „осум секунди“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


IFAB го одобри правилото за „осум секунди“ задржување на топката од голманите пред неколку месеци, а сега за првпат го видовме во акција.

Според ова правило, ако голманот држи топка премногу долго, судиите се препорачува да ја прекинат играта и да доделат корнер за противничкиот тим.

Токму ова го видовме во натпреварот меѓу Улсан и Мамелоди. Судијата Клемон Турпан забележа дека голманот на Мамелоди, Ронвен Вилијамс, задоцнува со враќањето на топката во игра и затоа му додели корнер на Улсан.

Тоа се случи во 82. минута, кога Мелоди водеше со 1:0 и Вилијамс се обиде да „украде“ некоја секунда, но безуспешно, бидејќи еден од најдобрите судии на УЕФА внимателно го надгледуваше секој момент на стадионот Орландо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манев: БиХ и Турција се квалитетни ривали, но Македонија оди на победа

Македонската фудбалска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за пријателските н…