Дома Фудбал На повидок изненадување: Бензема се враќа во Реал Мадрид?!

На повидок изненадување: Бензема се враќа во Реал Мадрид?!

Францускиот напаѓач Карим Бензема (36) наводно размислува за прекин на играчката кариера, неочекувана информација која денеска доаѓа од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најдобрите напаѓачи на 21-виот век веќе извесно време настапува за Ал-Итихад, а оваа сезона игра многу добро.

Постигна 10 голови во исто толку натпревари во првенството иако имаше многу промени откако премина од Реал Мадрид во Ал-Итихад.

Се случија тренерски промени, Бензема физички повеќе не е во најдобрата форма, но далеку од тоа дека сè уште не може да игра.

Бензема поради тоа размислува за пензија, пренесува шпанскиот Relevo, а веќе би имал нов ангажман во Реал Мадрид.

Бензема би станал амбасадор на Реал, како многу други легенди на овој мадридски клуб за кој играше од 2009 до 2023 година.

Кариерата ја започна во Лион, а за француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како хероите од Зеленортски Острови беа дочекани во својата земја (Видео)

Во главниот град на Кабо Верде, на меѓународниот аеродром се приреди сосема незаборавен до…