Дома Фудбал На повидок изненадување: Бернардо Силва потпишува за друг гигант?!

На повидок изненадување: Бернардо Силва потпишува за друг гигант?!

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истекот на договорот следното лето, а за него е заинтересиран – Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според доверливи италијански извори, раководството на Милан веќе го контактираше Португалецот за да ги открие неговите планови за по завршувањето на сезоната.

Португалскиот играч, кој сè уште не е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да одработи уште неколку сезони на највисоко ниво.

Силва пристигна во Сити уште во летото 2017 година за 50 милиони евра и ја оправда секоја инвестиција. Досега ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Одлично одигра неверојатни 416 натпревари, забележувајќи 72 гола и 74 асистенции, но сепак, изгледа дека разделбата е на хоризонтот.

Неговиот договор трае до 30-ти јуни и засега нема наговестувања за продолжување. Да потсетиме, летово како слободен играч замина и Кевин Де Брујне, а со евентуалниот заминување на Силва би било официјално завршеток на една ера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …