Дома Останати На 17 години стана светски шампион во пикадо и заработи богатство

На 17 години стана светски шампион во пикадо и заработи богатство

Лук Литлер е светски шампион во пикадо, а има само 17 години. Многумина сметаат дека може да стане најголемиот во историјата на овој спорт.

Неверојатниот тинејџер во финалето го победи досегашниот трикратен светски шампион Мајкл ван Гервен со 7:3 во сетови.

Литлер на тој начин го собори рекордот и стана далеку најмладиот светски шампион во историјата на пикадото.

Досега овој рекорд го држеше токму Ван Гервен кој во 2014 година освои прва титула на 24 години.

Натпреварувањето одржано во Лондон му донесе на овој 17-годишник заработка од половина милион фунти, односно 600 илјади евра.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…