
Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и љубов кон кебапите, беше прогласен за најатрактивен спортист во Англија за 2025 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Анкетата беше спроведена од британскиот сајт IllicitEncounters.com, која се смета за “водечка платформа за запознавање на брачни парови”.
И покрај тоа што листата вклучуваше 30 познати имиња како Тајсон Фјури, Ландо Норис, Џуд Белингем, Ерлинг Халанд… 18-годишниот светски шампион во пикадо го зазема првото место, што го изненади и самиот него.
“Кога го видов на вестите, си помислив ‘Не може да е вистина’. Но, потоа го видов и на ITV и си реков, добро, во ред е”, се пошегува Литлер.
“Не знаев ниту дека постои можност да се гласа. Ако знаев, можеби ќе гласав и за себе”.
Во изјавата на компанијата Illicit Encounters стои дека овој избор е доказ дека “атракцијата не се мери со изгледот, туку со самодовербата”.
“Жените ги надминаа визуелно совршените и обратно изрежирани изгледи. Тие посакуваат автентичност, пристапност и увереност, што Лук Литлер ги поседува”, објавија од компанијата.
“Тој е анти-супермодел спортист, обичен момче, херој на работничката класа, кој ужива во тоа што е и не се обидува да биде совршен. Токму оваа самоувереност го прави него неодолив”.