Дома Македонски спорт Mитревски: Во следните натпревари немаме што да загубиме

Mитревски: Во следните натпревари немаме што да загубиме

Голманот Никола Митревски е еден од поискусните играчи во нашата репрезентација.

Митревски беше еден најважните играчи во нашиот состав, блескаше на голот и помогна Македонија да дојде до важната победа која не однесе во вториот круг од Светското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дојдовме до таа победа која ја планиравме и која ни беше примарна цел. Ја исполнивме целта и се пласиравме во вториот круг каде што ќе играме уште три натпревари со силни селекции, се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе бидеме на нивото. Во сите натпревари кои следат немаме што да загубиме, мораме да влеземе растеретени со желба за докажување. Ние да одиграме добро, а резултатот ќе дојде. Прв противник ќе ни биде Словенија, видовме дека изгубија од Русија, сигурно дека и тие имаат проблеми“, изјави Митревски.

Вториот круг Македонија го започнува утре, од 15:30 часот, а противник ќе ни биде Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…