Милан игра одлично оваа сезона, а веќе размислува за засилувања со кои би можел да се вмеша во борбата за титулата во Серија А.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пишуваат дека калчолигашот почнал преговори со шпанскиот играч Иско и се надева дека ќе може да го ангажира уште во јануари.




Иско и претходно се поврзуваше со трансфер во Милано, но шпанскиот фудбалер не сакаше да ја намали платата, па идејата на „росонерите“ им пропадна.




Иско минатата сезона настапи на 29 натпревари, а не се очекува да добие преголема шанса ниту кај Карло Анчелоти оваа година, па затоа ќе биде испратен на позајмица или продаден на Милан за сума од 18 милиони евра.