Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје се пласира во полуфинале на Првата лига

МЗТ Скопје се пласира во полуфинале на Првата лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје го остварија и третиот триумф против Феникс (84-62) со што се пласираа во полуфиналето на македонската Прва лига.

Екипата од Аеродром имаше одличен почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 23-12, по што продолжи да доминира до крајот на првото полувреме (48-28).

Феникс не успеа да се врати во вториот дел и да му направи проблеми на фавортитот, кој до крајот на мечот ја зголемуваше предноста до конечни 84-62.

Најефикасен во победничкио тим беше Милош Копривица со 16 поени, девет скокови и три асистенции, додека Џереми Шепард постигна 17 поени и четири скокови за Феникс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…