Жозе Мурињо би можел да се врати во Премиер лигата, откако Вулверхемптон Вондерерс испратил понуда до португалскиот тренер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалскиот менаџер ја напушти елитата, откако доби отказ од Тотенхем во 2021 година.
Мурињо од тогаш имаше тригодишен престој во италијанскиот тим Рома и моментално е менаџер на турскиот гигант Фенербахче.
„Марка“ објавува дека Вулвс имаат големи планови за Мурињо како дел од стратегијата да се извлечат од зоната на испаѓање.
Според медиумот, тимот понудил 5 милиони фунти на Фенербахче за да го добијат „Специјалниот”.
По поразот со 1-2 против Вест Хем во понеделникот вечер, Вулвс остануваат на 19. место во табелата на Премиер лигата со девет бодови.