Дома Фудбал Мурињо веќе командува во Мадрид: Реал тргнува по освојувачот на „Златната топка“

Мурињо веќе командува во Мадрид: Реал тргнува по освојувачот на „Златната топка“

Вистинска трансфер бомба стигнува од Шпанија, а во центарот на вниманието е Родри. Според тврдењата на добро информираниот новинар Екрем Конур, Жозе Мурињо веќе јасно нарачал на управата на Реал Мадрид кого сака како приоритетно засилување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, португалскиот тренер смета дека токму играчот од средниот ред на Манчестер Сити е идеален човек за новата ера во Мадрид и веќе се обидува да влијае на луѓето од клубот за да се започне трансферот што побрзо.

Интересот на Реал за Родри не е новост. Во Мадрид веќе подолго време бараат играч кој би можел да донесе стабилност и контрола во средниот ред, особено по заминувањето на Тони Крос. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска сака играч на Челси од 110 милиони евра како прво засилување во Манчестер Сити

Енцо Фернандез е еден од четворицата играчи на Челси кои Енцо Мареска има желба да ги спои…