Дома Фудбал Италија Moнца е последниот патник во Серија А!

Moнца е последниот патник во Серија А!

Moнца е последниот тим од Серија Б што се пласираше во италијанската елита откако во вчерашниот реванш од плеј-офот славеше против Пиза со 3:4 после продолженија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините победија со 3:2 во регуларниот дел, па натпреварот отиде во продолженија бидејќи првиот меч Монца го доби со 2:1. Во Италија исто како и во УЕФА натпреварувањата не важи правилото „гол во гости“.

Монца во продолженијата постигна два гола и така обезбеди место помеѓу најдобрите во Италија. Сигурно дека во наредната сезона ќе биде интересно да се гледа тимот предводен од Берлускони и Галијани во Серија А.

За Монца ова ќе биде првпат да се натпреварува во Серија А, претходно место обезбедија Лече и Кремонезе..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Босанецот Алајбеговиќ постигна спектакуларен гол против Катар (Видео)

Фудбалската репрезентација на БиХ игра важен натпревар во Сиетл за влез во нокаут фазата н…