Дома Останати MOZZART спонзор на турниротво мал фудбал во Крива Паланка 2023

MOZZART спонзор на турниротво мал фудбал во Крива Паланка 2023

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа уште еднаш ја покажа и докажа својата посветеност во помагање и развивање на спортот во Македонија.

Овојпат Mozzart даде поддршка на вториот по ред национален турнир во мал фудбал во Крива Паланка кој полека но сигурно прераснува во традиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На турнирот учество ќе земат дванаесет тимови од Скопје, Куманово и Крива Паланка.

Антонио Давитковски, еден од организаторите, изрази благодарност до компанијата Mozzart за несебичната помош и поддршка која ја добија за организација на овој спортски настан.

,,Општина Крива Паланка втора година по ред е организатор на Турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023. Минатата година настанот се покажа како полн погодок за локалната заедница и спортската јавност која ги наполни трибините во салата ,,Бранители 2001’’.  Тоа беше и главниот мотив и оваа година повторно да го организираме турнирот со подобар квалитет од претходната година. Пријавени се дванаесет екипи составени од квалитетни футсал играчи, а меѓу нив има и голем број репрезентативци. Голема благодарност до Mozzart што го препозна овој турнир како голем потенцијал и многу значаен за заедницата и истиот го поддржа. Се надеваме дека ќе успееме да ја оправдаме помошта со квалитет и оваа соработка ќе биде успешна и ќе продолжи и во наредните години’’, изјави Давитковски.

Турнирот во мал фудбал свечено беше отворен вчера, а истиот ќе трае две недели.

Mozzart и натаму продолжува да одговара на барањата за помош при организација на спортски настани, истите да ги поддржува, помага и да дава свој придонес во развојот на спортот и спортскиот дух.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…