Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, уплати донација од 200.000 денари за скопскиот гигант Вардар кој се бори за опстанок и егзистенција поради големите финансиски проблеми.
Со години Вардар е еден од најпрепознатливите брендови во Македонија, но во изминатиот период е оставен на милост и немилост. Таквите потези го донесоа славниот клуб кој во „екс-Ју“ лигата рамноправно се натпреваруваше со Партизан, Црвена Звезда, Динамо, Хајдук…, на раб на пропаст, без услови за натпревари и тренинг и во второлигашкото друштво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако во последно време нема позначајни резултати, навивачите не го заборавија Вардар, па во изминатиов период решија да ги земат работите во свои раце. Благодарение на „Комити“, се собираат финансиски средства за егзистенција, а тие во моментов изнесуваат околу 10.000 евра за да му овозможат на клубот да функционира пред клучниот натпревар и баражот за влез во ПМФЛ против екипата на Скопје.
Преку донации на „GoFundMe“, за неколку дена се собраа повеќе од 5.000 евра, што е половина од планираната сума, а компанијата Mozzart како еден од најголемите спортски донатори во регионот ја препозна здравата идеја и застана да помогне во акцијата за спас на скопскиот великан, клуб кој за многумина во странство е синоним за Македонија и кој не така одамна со голем успех ја претставуваше нашата земја во Европа. Во знак на акцијата, Mozzart донира сума од 200.000 денари за ФК Вардар.
Инаку, оваа донација е втора од ваков вид, по онаа во 2021 година, кога Mozzart исто така се приклучи на акцијата на „Комити“ за спас на ФК Вардар и донираше 1.000.000 денари.
Оваа донација, како што велат од Mozzart, треба да биде поттик и за останатите компании да му помогнат на националниот бренд на Македонија.
Борбата за Вардар не застанува тука, туку продолжува и понатаму.
Да го спасиме Вардар! За Скопје и Македонија, за новите Панчев и Рингов, за новите Дојчиновски и Дончевски, за новите Ќириќ и Бајевски…