Дома Фудбал Монтереј и Интер ремизираа на Светското клупско првенство

Монтереј и Интер ремизираа на Светското клупско првенство

Мексиканскиот клуб Монтереј и италијанскиот Интер одиграа нерешено 1:1 во првото коло на Светското првенство за клубови, кое оваа година се одржува во Соединетите Американски Држави.

Тимот од Монтереј го отвори резултатот во 25. минута со голот на искусниот Серхио Рамос, поранешен капитен на Реал Мадрид. На Рамос му асистираше неговиот сонародник и играч од средниот ред, Оливер Торес.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој гол го запиша Рамос во историјата како најстариот стрелец на Светското првенство за клубови. Со 39 години, тој ги надмина претходните рекордери – Хавиер Занети, Николас Отаменди и Анхел Ди Марија – кои постигнуваа голови со 37 години.

Интер успеа да стигне до изедначување пред крајот на првото полувреме. Капитенот Лаутаро Мартинез во 42. минута ја искористи одличната топка од Бразилецот Карлос Аугусто и ја пласираше прецизно во мрежата на голманот на Монтереј.

Овој натпревар беше значаен и поради дебито на тренерската клупа – Кристијан Чиву, поранешен дефанзивец на Интер, го водеше тимот по прв пат, откако го замени Симоне Инзаги, кој се пресели во Ал Хилал. Во неговиот стручен штаб дебитираше и Александaр Коларов, поранешен репрезентативец на Србија, кој сега работи како помошен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо сака да создаде шампионски тим: Фенербахче оди по засилување од Арсенал

Фенербахче ова лето ќе направи вистинска реконструкција на тимот, а сега испратија понуда …