Дома Фудбал Молк на Етихадот, Пеп веќе одбра нов клуб? Се чека вистинскиот момент

Молк на Етихадот, Пеп веќе одбра нов клуб? Се чека вистинскиот момент

Пеп Гвардиола го презеде Манчестер Сити во летото 2016 година, откако претходно ги водеше Барселона и Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со доаѓањето во Сити, започна долгорочен проект. Првата сезона беше вовед во она што следуваше, а веќе од втората Гвардиола почна да формира тим кој ќе доминира во англискиот фудбал. До денес освои повеќе Премиер лиги, ФА Куп, Лига купови и конечно Лигата на шампионите во 2023 година. Додаде и европски Суперкуп и Светскиот клупски шампионат.

Гвардиола на тој начин влезе меѓу најуспешните тренери во историјата на Премиер лигата. Меѓутоа, сега се појавија информации дека Пеп решил да се врати во Барселона?! Само што срцето му припаѓа таму, купил сега скапоцена вила и тоа беше повод новинарите да заклучат дека на крајот од сезоната конечно заминува од Англија.

Покрај тоа, Пеп не крие дека сака повторно да биде тренер на Барселона, па не е исклучено дека токму тој ќе го наследи Ханси Флик во некое скоро време.

Неодамна имаше гласини дека Пеп навистина сака да се збогува од Сити на крајот од сезоната иако има договор до летото 2027.

Гвардиола се надева дека оваа сезона ќе освои некој трофеј, а се концентрира на Премиер лигата и Лигата на шампионите. Граѓаните се мачат во домашното првенство, имаат 22 поени и веќе сега четири поени помалку, но и натпревар повеќе во однос на водечкиот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Роналдо има право да игра за репрезентацијата која беше хит на Мундијалот!

Додека Кристијано Роналдо сè уште настапува на највисоката фудбалска сцена, сè повеќе вним…