Дома Фудбал Англија Mojс: Не сум луд за да дадеме 50 милиони евра за Абрахам

Mojс: Не сум луд за да дадеме 50 милиони евра за Абрахам

Тимот на Вест Хем во изминатиот период се поврзуваше со можен ангажман напаѓачотн а Челзи, Тами Абрахам.

Медиумите на Островот пишуваа дека Вест Хем е спремен да плати 50 милиони евра за да ги добие услугите на Абрахам. Стратегот на Вест Хем, Дејвид Мојс ги демантираше таквите информации.

„Ако цената на Абрахам е 50 милиони евра, не доаѓа во предвид, не сум луд. Со сигурност можам да ви кажам дека со таква поставена цена ние нема да влеземе во преговорите. Нема да потрошиме толку на ниту еден играч и јас ќе бидам изненаден ако се случи нешто такво“, изјави Мојс.

Инаку, се очекува Абрахам ова лето да замине со цел во Челзи да соберат дополнителни средства за посакуваните засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…