Лука Модриќ го избра идеалниот тим за шест на шест во интервју за Icons.com.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој требаше да избере по еден за секоја позиција од неколку опции. Како голман брзо се реши за Касиљас, а во одбраната за Роберто Карлос, но потоа почнаа проблемите. Долго време избираше меѓу Малдини и Канаваро. Не ми се допаѓаат овие игри“, изјави Модриќ и ја насмеа публиката.
Лесно ги избра Марадона и Зидан од играчите од средниот ред, но следеа нови маки при изборот на напаѓачи. „Зошто не двајца? праша, а потоа го стесни изборот меѓу двајцата Роналдо и го избра Бразилецот, а откри дека на понуда биле и Меси, Пеле и Ромарио.
„Играв со едниот, но во другиот се заљубив додека растев“, објасни тој. Интересно е тоа што Модриќ од својот тим ги изостави поранешниот соиграч Кристијано Роналдо и неговиот најголем ривал Лионел Меси.
Тимот на Модриќ за шест на шест:
Касиљас – Малдини, Карлос – Зидан, Марадона – Роналдо Назарио.