Дома Фудбал Италија Moрати му одговори на Ањели: Има разлика – вие во 2006 местевте, сега имаме вирус кој стопираше се!

Moрати му одговори на Ањели: Има разлика – вие во 2006 местевте, сега имаме вирус кој стопираше се!

Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати не издржа да не одговори на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Морати порача дека оваа ситуација со коронавирусот не може да се споредува со онаа од 2006 кога титулата на „зелена маса“ му беше доделена на Интер после скандалот „Калчополи“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходните денови претседателот на Јувентус се огласи во јавноста порачувајќи дека тие не сакаат доделена титула како Интер. Најмногу внимание од медиумите привлече неговиот „лајк“ на постот кој гласеше: Не сакаме Скудето на ваков начин. Дури и Ањели кажа дека ќе ја одбие титулата. Се надевам ќе си стои на зборот, ние не сме Интер.

Тоа „Скудето“ во 2006 година му беше доделено на Интер кој на табелата имаше 15 бода помалку од Јувентус и беше трет. Јувентус заврши како првопласиран, зад него следуваше Милан, меѓутоа бодови беа одземени на двата клуба. Милан доби помала казна и остана во лигата, додека Јувентус мораше да помине една сезона во Серија Б.

На реакцијата на Ањели сега одговор стигна од поранешниот претседател на Инте, Масимо Морати.

„Има разлика, Јувентус во 2006 местеше натпревари, а сега имаме вирус кој стопираше сет“, изјави Морати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …