Maкедонскиот репрезентативец Никола Серафимов прикажува добри настапи во Унгарија, а тоа може да му донесе трансфер во еден од поголемите клубови во оваа земја.
МОЛ Фехервар покажал интерес за македонскиот 22-годишен стопер, пренесуваат унгарските медиумите. Серафимов е стандарден и редовно игра на високо ниво за Залаегерсег, па таквите настапи не поминаа незабележано.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во тимот на МОЛ веќе настапува еден македонски дефанзивец, Висар Муслиу. Претходно дел од овој тим беше и Бобан Николов.
Коментари