Дома Останати Ракомет Митревски: „Изгорев“ од температура, но не помислив да се откажам!

Митревски: „Изгорев“ од температура, но не помислив да се откажам!

Македонија и Австрија одиграа исклучително напнат и изедначен натпревар, кој заврши со резултат 29-29, благодарение на голот на Филип Кузмановски постигнат во последните секунди.

Голманот Никола Митревски, кој беше еден од клучните играчи за Македонија, откри дека само неколку часа пред натпреварот се соочувал со здравствени проблеми поради висока температура.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Резултатот 29-29 е најреален исход со оглед на динамиката и настаните на теренот. Натпреварот беше целосно изедначен во текот на сите 60 минути. Се играше буквално гол за гол. Тие постигнаа погодок на четири секунди до крајот, но ние успеавме да израмниме во последниот момент. Во првиот дел водевме со два-три гола разлика, но не успеавме да го задржиме водството. Исто така, во второто полувреме повторно поведовме, но Австријците израмнуваа. На крај, тие поведоа, а ние одговоривме со израмнувачки гол. Пред мечот ‘горев’, но не размислував да се откажам. Сличен проблем имаа и други играчи, но сите стегнавме заби и издржавме,“ изјави Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Дарко Ѓукиќ е најново засилување за Охрид

Српскиот ракометен интернационалец Дарко Ѓукиќ и официјално стана дел од тимот на РК Охрид…