Дома Останати Тенис Митевска го освои трофејот во двојки на турнирот во Нови Сад

Митевска го освои трофејот во двојки на турнирот во Нови Сад

Младата и талентирана македонска тенисерка Сара Митевска имаше извонредна недела на силниот меѓународен турнир „Јејсон Куп 2025“ во Нови Сад, наменет за тенисерки до 16 години (категорија 2).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Таа блесна со својот настап, успевајќи да стигне до финалето во сингл конкуренцијата и да го освои трофејот во двојки заедно со партнерката од Србија, Нина Тепиќ.

Во конкуренцијата на двојки, Митевска и Тепиќ, кои беа поставени како втори носителки, покажаа одлична координација и игра. Во финалето се соочија со Мина Марковиќ (Србија) и Гала Тешиќ (Швајцарија), победувајќи ги со 2-0 во сетови (7-5, 6-3), со што се закитија со титулата.

Фото: МТФТ
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, ка…