
Македонскиот голгетер Бојан Миовски е многу блиску до преселба во редовите на шкотскиот великан Ренџерс, објавува „Мундо Депортиво“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според пишувањата од Шпанија, клубовите веќе се договориле за отштета од околу три милиони евра, сума која со предвидени бонуси може да се искачи и до пет милиони. Миовски би требало да стави потпис на четиригодишен договор.
Напаѓачот минатото лето го напушти Абердин и премина во Џирона за 6,8 милиони фунти, но во Ла Лига не успеа целосно да се наметне – во 23 настапи запиша само четири погодоци. Токму затоа каталонците се подготвени да ја прифатат понудата и да се разделат со него.
Ренџерс, пак, итно бараат решение во нападот по разочарувачкиот старт на сезоната и тешкиот дебакл против Клуб Бриж (9-1 вкупно) во квалификациите за Лигата на шампионите.