Македонската фудбалска репрезентација денеска славеше победа од 1:0 на домашен терен против Летонија со што го потврди првото место во групата.
За нашиот национален тим ова беше петта победа по ред без примен гол со што уште повеќе ги зголеми шансите да биде меѓу репрезентациите што ќе добијат шанса во баражот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Овие момци, стварно не се нормални. Од први единаесет, осум немаат минутажа во своите клубови. Таа енергија доаѓа од нивниот карактер, тие не се откажуваат. Не се откажувам од нив, тие не ми даваат да се откажам од нив“, истакна Милевски.
„Овие фудбалери заслужуваат нормални услови за игра, а денешниот ревник не беше нормален. Молчев до овој момент, но сега морам тоа да го потенцирам. Со оглед на тоа со што се соочуваме кога играме на Македонија многу сме назад кога во прашање е теренот. Условите треба да бидат далеку подобри, се до излегувањето на теренот е одлично и за тоа благодарност до ФФМ, но ќе ја искористам оваа прилика за да апелирам да пронајдеме начин да ја подобриме состојбата. Многу е полесно да се браниш на еден ваков терен, отколку да креираш. Треба да погледнеме барем во соседството и да ги следиме добрите примери. Можеби немаше да победиме поубедливо и со најдобри услови, но ќе ги имавме“,додаде селекторот.