Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Рига го игра третиот натпревар од Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски верува дека Македонија е фаворит на овој меч и со победа може да го задржи лидерското место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тимот на Летонија го има нашиот максимален респект, меѓутоа ние сме фокусирани на нашето издание. Веќе кажав и тоа навистина го мислам, дека Македонија ќе се прашува за изгледот на групата и првото место. Секако дека ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов во одбраната, но и Трајковски и Чурлинов, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат“, изјави Благоја Милевски.