Дома Фудбал Останато Милевски не му дал ниту бод на Винисиус во гласањето на ФИФА

Милевски не му дал ниту бод на Винисиус во гласањето на ФИФА

Вечерва во Доха се одржа изборот на најдобрите во светот на фудбалот за 2024 година според ФИФА и наградата „The Best“ ја доби Винисиус Јуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винисиус доминираше во сите категории, освојувајќи вкупно 1.147.276 поени. Второто место го освои Родри од Шпанија со 264.835 поени, додека на третата позиција заврши англискиот интернационалец Џуд Белингам.

Во гласањето учествуваа и македонскиот селектор, Благоја Милевски, капитенот на репрезентацијата Енис Барди и новинарот Мијалче Дургутов.

Благоја Милевски своите гласови ги даде за Дани Карвахал, Џуд Белингам и за Родри.

Изборот на капитенот Енис Барди беа Родри, Винисиус Jуниор и Ерлинг Халанд.

Новинарот Мијалче Дургутов го погоди победникот Винисиус Jуниор, а даде гласови и за Родри и за Дани Карвахал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…