Милан започнал преговори за трансфер на 19-годишниот талент на Челзи, Карни Чуквуемека.
Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за еден од најголемите таленти на Островот.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Челзи пред две години го доведе во Астон Вила, но Чуквуемека не добива голема минутажа, па е спремен во јануари да ја промени средината.
Приоритет на „росонерите“ во јануари ќе биде засилување на средниот ред, а прв на листата желби е токуму Чуквуемека и ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.
Милан веќе почнал преговори со неговиот агент и Чуквуемека дал зелено светло за трансферот.