Дома Фудбал Милан се откажа од Левандовски, но доаѓа врвен напаѓач од шпански гигант!

Милан се откажа од Левандовски, но доаѓа врвен напаѓач од шпански гигант!

Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан се откажа и од Душан Влаховиќ и од Роберт Левандовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината е, секако, парите. Двајцата фудбалери бараат премногу за годишни примања, а Милан не сака толку да плати.

Сепак, управата на “росонерите” го фрли погледот на напаѓачот на Атлетико од Мадрид. Александер Сорлот, корпулентниот Норвежанец е новата мета на клубот од Сан Сиро.

Сорлот оваа сезона играше помалку од час време по натпревар во просек. На 40 натпревари постигна 17 голови, некои од нив многу важни за Атлетико, и јасно е дека би бил водечки напаѓач во Милан и некој околу кого би се градела играта на тимот на Масимилијано Алегри.

Тој има 30 години, има променето многу клубови во текот на кариерата, а моменталната вредност му е 20 милиони евра. За Норвешка има одиграно 70 натпревари и постигнато 26 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во таборот на Турција – вирална снимка ги налути навивачите (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Турција пред продолжението на Светското првенство е потресен…