Дома Фудбал Милан и Интер го сакаат најдобро оценетиот голман во Серија А!

Милан и Интер го сакаат најдобро оценетиот голман во Серија А!

Манјан од Милан и Зомер од Интер сè уште немаат продолжени договори со своите клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И додека Французот е во преговори со „росонерите“, изгледа дека Зомер сигурно ќе го напушти Интер на крајот од сезоната.

Многу лесно истото може да му се случи и на Манјан, кој од јануари може да преговара со нови работодавци.

Како што известува Тутоспорт, и двата клуба пронашле алтернатива. И тоа каква.

Голманот на Каљари, Елија Каприле, блеска оваа сезона. Клубот од Сардинија го плати Наполи само осум милиони евра и веќе му се исплатил. Сега ќе заработат повеќекратно на неговиот трансфер.

Каприле има 24 години. Кариерата ја започнал во младинците на Киево од Верона, од каде што заминал во англискиот Лидс. Се вратил во Бари, а во 2023-та потпиша за Наполи. По позајмица, најпрвин во Емполи, а потоа во Каљари, Каљари одлучи да го откупи неговиот договор. И не зажалиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …