Дома Фудбал Милан го додаде Игор Тиаго на својата листа на посакувани напаѓачи

Милан го додаде Игор Тиаго на својата листа на посакувани напаѓачи

Раководството на Милан продолжува да бара кој да го ангажира како нов напаѓач во летниот трансфер период, поради разочарувачките настапи на офанзивните играчи оваа сезона. Според “Кориере дело спорт”, најновото име на списокот на клубот е голгетерот на Брентфорд, Игор Тиаго.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новопечениот бразилски репрезентативец има сензационална кампања, со 21 гол во 33 натпревари во Премиер лигата, и е втор во листата на стрелците, заостанувајќи само зад Ерлинг Холанд кој има 24 гола во 32 натпревари. Така, поранешната ѕвезда на Лудогорец се наоѓа меѓу таргетираните напаѓачи од “росонерите” заедно со имиња како Александар Сјорлот од Атлетико Мадрид, Серу Гираси од Борусија (Дортмунд) и Гонсало Рамош од Пари Сен Жермен.

За разлика од тоа, опциите со Роберт Левандовски и Душан Влахович, чии договори соодветно со Барселона и Јувентус истекуваат, се тешко остварливи поради побаруваните високи плати, додека откупната клаузула на Мојс Кин од Фиорентина е доста висока.

Сепак, ангажманот на 24-годишниот Тиаго исто така не изгледа лесна задача, бидејќи Брентфорд го плати за него 33 милиони евра на Бриж во летото на 2023-та, а исто така тој неодамна го продолжи договорот со клубот до 2031-ва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …