Дома Фудбал Милан ѝ се „закани“ на Болоња – ќе ве победиме и ќе ви го земеме Орсолини

Милан ѝ се „закани“ на Болоња – ќе ве победиме и ќе ви го земеме Орсолини

Искусниот голгетер на Болоња, Рикардо Орсолини, би можел на крајот на сезоната, по осум години да го напушти стадионот „Ренато Дал’ Ара“ и да се пресели во редовите на Милан откако седумкратниот шампион на Европа изрази желба да го донесе во лето, пренесува денешниот „Тутоспорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите голгетери во Серија А, е потврдено име во италијанскиот фудбал, но дури последните неколку сезони го фати вистинскиот замав, па актуелната сезона ќе ја заврши со двоцифрен број на голови.

Овој развој на кариерата на играчот кој се наоѓа во најдобрите играчки години беше повеќе од доволен сигнал за Милан да покаже желба да го донесе, а интересно е дека сето ова се случува на помалку од три недели пред финалето на Купот на Италија.

Во пресметката за вториот најзначаен трофеј на Чизмата, Орсолини ќе претставува најголема опасност за противниците кои би можеле да му бидат веќе од лето соиграчи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …