Дома Фудбал Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Јануарскиот трансфер период е моментот кога Галатасарај сака да ја засили последната линија, а турските медиуми пренесуваат дека шампионот на таа држава е заинтересиран за Милан Шкрињар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Словакот е на излезните врати од Пари Сен Жермен, кој нема ништо против да го испрати на позајмица, а Галата тука ја гледа својата голема шанса.

Шкрињар пред ПСЖ настапуваше за Интер, кој го напушти по истекот на договорот, а во последните месеци се шпекулираше дека е блиску до Јувентус.

„Старата дама“ е сè уште во игра, но Галатасарај е подготвен да ги забрза преговорите, бидејќи наводно Шкрињар дал „зелено светло“ за да ја продолжи кариерата во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета останува во Арсенал: Потпишува нов договор по историската титула

Микел Артета ќе потпише нов, долгогодишен договор со Арсенал по историската сезона во која…