Дома Фудбал Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати да живее во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот вели дека тој и неговото семејство се носталгични кон Барселона и планираат да се вратат во овој град.

„Оваа денешна Барселона со Ханси Флик е спектакуларна. Убаво е да се гледаат како играат, но не сум изненаден. Бев во Барселона од мојата 13-та година. Играчите од Ла Масија го познаваат овој клуб подобро од било кој и нормално е да играат одлично кога ќе добијат шанса“.

„Планирам со сопругата и децата да се вратам во Барселона и таму да живееме. На сите нас ни недостига Барселона. Имаме таму пријатели. Моите деца се Каталонци, поголемиот дел од мојот живот го минав во Барселона. Чувствувам дека тоа е мојот дом и многу ми недостига. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе животот, но сакам Барселона да биде мојот дом во кој ќе живеам“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…