Дома Фудбал Останато Мекгрегор предизвика тотален хаос и брутално нокаутира човек (Видео)

Мекгрегор предизвика тотален хаос и брутално нокаутира човек (Видео)

Контроверзниот ирски ММА борец Конор МекГрегор направи нов скандал. Повторно се тепаше во ноќен клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кариерата на Конор МекГрегор одамна е во голем пад. Може слободно да се каже дека му ја уништи кариерата кога Хабиб Нурмагомедов го победи со брутални батини во 2018 година, и оттогаш не е ист и двапати е поразен од Дастин Порие.

Со години се најавува неговото враќање во октогонот, „The Notorious“ најавува големи нокаути и титули, но единствени борби кои ги има се нокаутирање на послабите од него во ноќни клубови, барови и на улиците.

Нов скандал Ирецот направи на Ибица. Нокаутираше сопственик на ноќен клуб.

На снимката од раните утрински часови овој вторник, Конор со друштвото уживаше во забава, кога му пристапи сопственикот на клубот. На Ирецот очигледно не му се допадна тоа што му беше кажано и го нокаутираше човекот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

По лансирањето на проектот Арена Македонија кој почна на почетокот на овој месец измиантит…