Дома Боречки спортови МекГрегор брутално го навреди Хабиб: Покажи ми ја жената и децата!

МекГрегор брутално го навреди Хабиб: Покажи ми ја жената и децата!

Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор продолжи со прозивките на социјалните мрежи, а овој пат неговата мета беше некогашниот непоразен УФЦ првак, Хабиб Нурмагомедов.

Имено, Мекгрегор вулгарно го навреди момчето од Махачкала преку социјалната мрежа Х и навистина ги премина сите граници.

“Покажи ми ја сопругата и децата, дебела наказо.. Покажи се и донеси ги и децата на твоите браќа, имам момци во Ирска кои сакаат да се натпреваруваат. Каде се твоите најдобри дагестански деца Хабибе? Со нетрпение очекуваме да ги видиме. Кој е следен, бидејќи е очигледно дека дебелкото со свирката не сака да се бори. Кој воопшто го направи Хабиб главен лик? Знам дека тоа не беше неговиот татко, а знаат и Дагестанците. Сите знаат дека се пензионираше од страв, ти се смеат зад грб и велат дека си мрзлив. Бори се со мене и заработи 100 милиони, донирај ги во твоето село. Меѓутоа, ќе ја одбиеш понудата, затоа што си мрзлива, дебела, исплашена наказо”, напиша борецот од Даблин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …