Дома Фудбал Мењан останува верен на Милан

Мењан останува верен на Милан

Медиумите од Италија информираат дека голманот Мајк Мењан и Милан успеаја да постигнат договор за продолжување на нивната соработка.

Мењан има клучна улога во тимот на Милан и се издигна до еден од најдобрите голмани на европска сцена.

Новиот договор кој му беше понуден е до 2028 година, со што се очекува да биде меѓу највисоко платените играчи во тимот, со годишна плата од 6 милиони евра.

Иако Французинот имаше различни понуди, сепак донесе одлука да ја прифати онаа од „росонерите“ и да остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…