Дома Фудбал Останато Meси откри во каква улога сигурно нема да се врати во Барселона

Meси откри во каква улога сигурно нема да се врати во Барселона

На гала вечерта во Париз Лионел Меси вчера по осми пат ја освои „Златната топка“ и сега е дури со три пред својот долгогодишен ривал Кристијано Роналдо.

По церемонијата на прес-конференција пред новинарите, Меси освен за наградата зборуваше и за неговите планови за во иднина во кои е вклучена и Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Аргентинецот најави дека сигурно на некаков начин и во некаква улога ќе се врати во Барселона, меѓутоа тоа сигурно нема да биде како тренер.

„Еден ден сигурно ќе се вратам во Барселона на еден или друг начин. Сепак, тоа сигурно нема да биде како тренер. Сакам да бидам поврзан со клубот, Барселона е мој дом и сакам да живеам таму. Ми беше чудно кога си заминав, не сакав да го напуштам клубот, Барса секогаш ќе биде мојот дом“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Белингам: Овој натпревар е се или ништо за нас, играме за да го спасиме сезоната

Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заос…