Капитенот на Барселона Лионел Меси за „Мундо Депортиво“ јавно истакна дека би сакал на „Камп Ноу“ да ги види Нејмар и Лаутаро Мартинез.
Со Барселона во изминатите преодни рокови се поврзуваа разни имиња, а помеѓу тие имиња беа Нејмар и Лаутаро Мартинез. Бразилецот Нејмар во текот на минатото лето беше блиску до враќање во Барселона меѓутоа клубовите не се договорија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нејмар сака повторно да игра со нас. Тој е еден од најдобрите во светот, беше важен во соблекувалната бидејќи со него атмосферата беше одлична. Секогаш беше насмеан, не забавуваше сите. Луѓето поинаку гледаат на него поради начинот на кој замина. Ни мене не ми се допадна тој начин, се обидов да го убедам да остане…Важно е што тој сака да се врати и што се кае за заминувањето“, изјави Меси.
Меси има високо мислење и за Лаутаро со кого игра во репрезентацијата.
„Латуаро е спектакуларен. И Претходно можеше да се види дека е одличен играч, но сега експлодираше. Многу е силен, одличен е во ситуации еден на еден, лесно постигнува голови, се отвара, бара топка…Би сакал да дојдат двајцата и да се бориме за Лигата на шампионите“, порача во интервјуто Меси.